Нови видеа од Пробиштип: Страотни сцени, врнеше град со големина на орев

Силно невреме го погоди Пробиштип и околината во попладневните часови. Истото беше проследено со силен ветер, врнежи од дожд и силен град. Слично е и во соседните градови, како и во Куманово.

Истото беше проследено со силен ветер, врнежи од дожд и силен град со големина на орев.

„ Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје,

денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, известија од УХМР.

Страшно невреме проследено со бурен ветер, силен град, интензивен пороен дожд и силни електрични празнења пред не цел час го зафати Пробиштип!, објави Славчо Попоски, а видето погледнете го во продолжение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде