Објавена мапа: Невремето веќе навлегува во Македонија, еве во кој правец се движи

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација од Управата за хидрометеролошки работи.

„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град“, велат од ЦУК.

И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

НАЈНОВА ВЕСТ ОД УХМР

16:55 Нестабилна облачна маса навлегува во североисточниот дел на земјава и ќе го зафати Кумановско-Кривопаланечкиот регион.

Проследена е со пороен дожд, засилен ветер и можна појава на ситен град.

Правецот на движење на појавите е од северозапад кон југоисток и исток.

Предупредување издаде и Славчо Попоски.

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Во моментов од Косово и јужна Србија кон северните и североисточните предели од Македонија се спушта невреме.

Невремето би можело да добие на интензитет (од појави ќе има локална појава на крупен град, олуен ветер, интензивен пороен дожд и силни и чести електрични празнења)!, стои во објавата на Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде