Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево ги зафати Кратово, Виница, Кочани и Пробиштип, како и други места на северот и истокот од земјата.
Предупредување за силно невреме вечерва во Скопје, со пороен дожд, електрични празнења и силен ветер, издаде Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град“, велат од УХМР.
Управата за хидрометеролошки работи информира дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово веќе се помести над северните делови од Скопската Котлина и го зафаќа и градското подрачје.
Проследена е со силен ветер, електрични празнења, пороен дожд и појава на град. Правецот на движење е кон југоисток и исток.
Главниот град веќе е зафатен од силен ветер, дожд, а во делови од Скопје има појава од град.
Во продолжение видеото од невремето во кочанско објавено од СДК.мк