Стигна сериозно предупредување: На Македонија и се приближува опасно невреме!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за потенцијално локално невреме во попладневните часови.

Услови за невреме со интензивен пороен дожд, град, силен ветер и електрични празнења ќе има во северните делови на земјава, информираат од Управата.

„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град“,велат од УХМР.

Услови за невреме ќе има и во делови од Скопската котлина, каде што се очекуваат силен ветер, дожд и грмотевици.

Исто така, поради многу топлото време, и денес ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од висока температура.

Инаку, изминативе денови регионот беше зафатен од огромно невреме.

Невремето проследено со силен ветер, дожд, град и електрични празнења зафати делови од Хрватска, Србија, БиХ и Словенија и предизвика огромни материјални штети, но одзеде и човечки животи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде