Камион со дрва падна во канал во Радишани. За случајот известува Центарот за управување ос кризи.
По увидот кој треба да го изврши полицијата, возилото ќе треба да биде извелечно и однесено во Агенцијата за управување со одземен имот.
„По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција,
добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата.
По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот.
До промена на смената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот“, велат од ЦУК.