Хрватскиот инфлуенсер Марко Бабиќ (31), чија борба со ракот трогна многумина, почина како последица на тешката болест.
Тој беше архитект, автор на бестселери, маркетинг експерт и личност која им помогна на многу луѓе кои се соочуваат со истиот здравствен проблем.
„Наше момче, патувај. Ние сме скршени, но горди сме што бевме со тебе на ова патување. Беше најдобар татко, партнер, син, брат и пријател.
Засекогаш ќе те сакаме“, напишаа членовите на неговото семејство на неговиот инстаграм-профил.
Бабиќ се соочуваше со сарком (карцином на сврзното ткиво) од 2021 година.