Силно невреме денеска го погоди Милано, предизвикувајќи голема материјална штета и прекин на сообраќајот. Поради дрвјата кои паднаа на коловозите одредени делници беа затворени. Блокирани се и неколку железнички линии поради сериозна штета на станицата Монца.
Возовите во различни правци во Ломбардија имаат доцнења од над 1 час, додека многу линии се откажани, пренесуваат локалните медиуми.
58-годишна жена починала откако била згмечена од дрво во градот Лисоне околу 15 часот и 50 минути. Иако случајните минувачи веднаш повикале помош, спасувачите кои први пристигнале на локацијата не успеале да ја спасат повредената жена.
На пожарникарите им требаше долго време да го извлечат нејзиното тело од под багажникот, пренесува „АНСА“.
Пожарникарите добиле стотици повици да ги санираат последиците од невремето, а ситуацијата е особено проблематична во северозападниот дел на Милано.
Три лица се повредени при пад на дрвја врз автомобили. Во првиот случај, дрво паднало врз автомобил кој се движел по патот при силното невреме во центарот на градот.
Возачот успеал да излезе од автомобилот без сериозни повреди, но бил пренесен во болница на дополнителни прегледи. Уште три големи дрвја паднаа врз неколку автомобили, при што беа повредени 34-годишна жена и 81-годишна жена, кои со полесни повреди се пренесени во болница. Силен дожд поплави патишта и деловни објекти.
Maltempo ⛈️, nuova bufera con grandine e forti venti su Milano, Monza e Brianza. Nel capoluogo lombardo chiusa la metro M2 per caduta di alberi, Trenord: “Numerosi danni e guasti a causa del maltempo”.#Lombardia #Milano #monza #trenord #brianza #maltempo pic.twitter.com/8EEVFSmIHO
— Libera_informazione_official (@Libera_Info20) July 24, 2023
Leroy Merlin DIY external area after the storm #Milano #WeatherUpdate #thunderstorm pic.twitter.com/bXFzLiR3Ne
— wawwoski & Jack & Timos🐾 🐶🐶 (@wawwoski1) July 24, 2023