Внимавајте од кого нарачувате огревно дрво, вакви измами станаа чести

На 24.07.2023 во 14:10 часот во СВР Куманово, 65 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе по пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите.

Откако нејзиниот сопруг се вратил без дрва, сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде