Актерот Тасевски распали: Обиџуко и Таче не можат во Слупчане да влезат ред да направат, па во ЕУ ќе влезат!

„Обиџуко и Таче не можат во Слупчане да влезат ред да направат, па во ЕУ ќе влезат! Не сфаќате дека ќе ја изгубите власта токму поради вашето вазалство кон соседите и националните велепредавства?!

Подготвувајте си ги куферите полека! Ви дојде крајот!“ – реагира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук-профил во врска со најновите случувања во Македонија.

Во објавата натаму Тасевски пишува: Ја слушам вчера пуста Дуци новинарката, очи ќе му ископаше на министерот што не кажал „северна“ пред Македонија.

Дуци што си ти бе? Грчки народен трибун или Еским? Што е тоа северњачење до манијачење? Грција ништо од договорот не исполни. Што се пењавиш толку за Северна?

Како, бе, вие од тоа напредното граЏанство уште не сфаќате дека она „северна“ им го наметнавте на Македонците насилнички, откако милион од нив ви кажаа „За името не одиме на референдум“?

Како не сфаќате дека уште повеќе надразнувате кога го употребувате јавно она „северна“? Ко оној, нилскион коњ што го повторува во секоја реченица.

Проблемот со галеничињата во СДС и во нивните невладини е што секогаш веруваа дека ним власта им е гарантирана од судбината, оти не се прашува.

Арогантноста отсекогаш била ваша главна црта кога сте владееле. И немањето ‘рбет. Вие само имате маска на начитаност, умност и градски белези, а внатре сте морални креатури и подлизурковци, кои од носот подалеку не можат да видат.

Да не сте толку опасни дека сте на власт, човек треба да ве жали. Не сфаќате дека токму поради вашето вазалство кон соседите и националните велепредавства ќе ја изгубите власта? Изгледа Дуци уште не сте сфатиле.

Уште не зјапате од висина и мислите многу сте паметни, ако го поддржите секоја гомненица, што ни ја наметна ЕУ од проментаа на името до исчашените родови идеологии и сексуални растроености

Подготвувајте си ги куферите полека! Во дојде крајот!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде