Драматични сцени во Куманово: Жители упаднале во просториите на ЕВН

Револтирана група на жители на селото Оризари, кои од вчера немаат струја, насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, објави РСЕ.

Оттаму велат дека вработените на КЕЦ Куманово ги напуштиле работните места од безбедносни причини и поради непостоење на услови за работа.

„Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи“, велат од КЕЦ Куманово.

Ова следува откако жителите на селата Оризари и Слупчане останаа без струја по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

Жителите на липковско Слупчане во текот на вчерашниот ден повторно не им дозволиле на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

Од ЕВН информираа дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето.

Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, информираа вчера од „Електродистрибуција“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде