Експрес: Шестгодишно момче паднало во дупка длабока 3 метри во Дојран

Шестгодишно момче паднало во дупка длабока 3 метри во центарот на Дојран, објави Експрес.мк.

Порталот прашува зошто досега никој не презема одговорност за инцидентот што ги потресе жителите на ова македонско туристичко место.

Инцидентот се случил на 9 јули во центарот на Дојран кога две дечиња играјќи во близина на дупките длабоки околу 3 метри се соочиле со опасност по живот.

Едно од момчињата не видело дека дупката е отворена и паднало во неа додека неговото братче кое има само 4 години било сведок на целиот инцидент но било немоќно да му помогне.

Помалото братче веднаш повикало членови на семејството по што детето било извадено од дупката.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: expres.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде