Славчо Попоски со најнова временска прогноза – прочитајте ги деталите

Во следните часови, поради продор на многу посвежа воздушна маса од север, кај нас во Македонија се очекува пад на температурите за околу 10 степени,

понекаде дури и за повеќе од 10 степени, а а на повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).

Локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.

Температурите како што кажавме ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени,

а потоа во деновите од викендот тие повторно ќе бидат повисоки преку ден, но повеќе не се очекуваат екстремно високи температурите како што имавме до сега.

Мора да се напомене дека наутро ќе биде многу свежо со минимални температури кои понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, понекаде, особено во Беровскиот регион и до околу 5 степени.

Во Скопје исто така во следните часови ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурата значително ќе се намали за околу 10 степени.

Како што беше најавено од наша страна, во Алскиот регион поради продорот на студен воздух од Арктикот, имаше и врнежи од снег и таму сега владее прекрасна снежна бајка, а температурите во некои делови се спуштаат и под нулата.

Во делови од Алпскиот регион е формирана снежна покривка дури до 10 сантиметри. Снег заврна и на Кредарица во Словенија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде