Четири лица се повредени во сообраќајка на магистралниот пат Кичево – Гостивар. Еден од настраданите е со потешки телесни повреди.
Вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила: „пежо“, со косовски таблички, управувано од Ф. М. (64) од Косово, „мерцедес“,
управуван од М. Т. (33) од с. Конопница, Кривопаланечко, и „фолксваген пасат“, управуван од А. Б. (74) од с. Зајас, Кичевско, информираат од МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на возилото „мерцедес“, а тројца сопатници од истото возило добиле телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кичево.