Кај 23-годишно момче пронајдени 1.900 евра и 42.000 денари кои се одземени бидејќи не приложил доказ за потеклото

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Т.(23) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На 02.03.2023 на локација во село Јаргулица, радовишко, каде повремено престојува пријавениот, полициски службеници од ОВР Радовиш и Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ,

а во координација со Царинска управа, Државен пазарен инспекторат и Инспекторат за животна средина, извршиле претрес,

при што биле пронајдени 1.900 евра и 42.000 денари, кои се одземени под сомнение дека потекнуваат од кривично дело, бидејќи пријавениот не приложил доказ за потеклото на паричните средства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде