По подолго боледување, на 73-годишна возраст во Скопје почина композиторот и диригент Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија.
Смртта на Кире Костов ја потврдија од неговото семејство, а објави и СОКОМ.
Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.
Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.
Македонските естрадни ѕвезди се простуваат на социјалните мрежи, испраќајќи последен поздрав на својот ментор, учител, соработник, пријател… на нивниот чичко Кире, единствениот маестро Костов!