Со нож прободен началникот на струшката полиција – прочитајте ги деталите

Четириесет и четири годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта,

затоа што околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга, изјави Димоски.

Димоски информира дека А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна Димоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде