На гробиштата во Врчин е погребана Анѓела Б.(15), девојката која заедно со другарот Вук Г.(18) загина во тешка сообраќајна несреќа, на железнички премин во Врчин.
Тажна поворка од пријатели, другари и жители од оваа белградска населба тргна во 12 часот и 30 минути до гробното место каде што беше погребана тинејџерката.
На погребот присуствуваше и погребниот трубачки оркестар кој со песната „Tiho noci moje zlato spava“ ја испрати Ангела во вечното почивалиште.
Расплаканите пријатели носеа букети цвеќе, како и венци кои ги положија на гробот на другарка која до пред два месеци седеше со нив на училишната клупа. Младата Ангела беше погребана во бел ковчег.
Семејството со тажна порака се прости од малото ангелче и на венецот напиша „Последен поздрав до нашата ќерка“.
Свештеник не присуствуваше на погребот, бидејќи таа не била крстена.