Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку Фејсбук го објави писмото со оставките на министрите на ДУИ, кои ги депонирале до премиерот Димитар Ковачевски, а кои би се активирале ако ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени.
„Почитуван премиере, Димитар Ковачевски, сметајќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, се наоѓа во критична фаза од нашата европска иднина, носејќи ја тежината на интеграциите како политичка организација во последните 20 години,
сметајќи дека големите одлуки бараат одговорност како и политичко, национални и државно жртвување од страна на секој од нас, тргнувајќи од условувањето на опозицијата дека би гласале за уставни измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата,
легитимно избрани согласно волјата на албанските гласачи, свесни за надежите и целите/соништата на граѓаните еден ден да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека,
Демократската унија за интеграција на чело со претседателот Али Ахмет, останува цврсто определена дека евроатлантските интеграции, за целосно полноправно членство како држава, покрај НАТО,
така и во Европската унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, како цели, беа, се, и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност, ние,
министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!
Оставките, г-дине Премиере, автоматски ќе стапат во сила во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во писмото.