Конечно! Започнува исплатата на пензиите – објавен распоредот

Банките информираа дека ќе започнат со исплата на пензиите за јули од утре (понеделник, 31 јули).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка, со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во две групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

-Понеделник, 31.07.2023 година, исплата на пензии до 14.000 денари,

-Вторник, 01.08.2023 година, исплата на пензии над 14.001 денар,

За да се избегнат редиците за сите корисници на банкарски услуги, од банките апелираат при посета на филијалите и експозитурите да се почитува наведениот распоред.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде