НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА ВО БЕЛГРАД! Темни облаци надвиснаа над дел од главниот град на Србија, силни врнежи пропратени со грмежи и СИЛЕН ВЕТЕР!
Невремето што претходно ја зафати Хрватска стигна и до Србија, а најпрво беше погоден северот на земјата, а сега стигна и до Белград.
Потоа обилни дождови, грмежи и повремен силен ветер ја зафатија Суботица, каде дури и некои улици беа поплавени.
Невремето се префрли од северот на Србија кон исток, а сега врне и во Нови Сад.
Имено, невреме пропратено со посилен ветер ги зафати деловите на Белград кои се поблиску до Нови Сад.
Делови од Земунските населби поблиску до патот за Нови Сад беа погодени од налети на ветер и обилни врнежи.