Славчо Попоски: Доаѓа вистинска есен на Балканот, во Словенија можни се врнежи од снег

Уште во првите седум денови од август на Балканот пристигнува вистинско есенско време, како и многу врнежи.

Во Алпскиот регион очекуваме и нови интензивни врнежи од СНЕГ.

Температурите ќе бидат далеку под просекот за почетокот на август месец…

Можно е дури снег да видат и највисоките планини во Словенија, на пример повторно снег може да види планинскиот врв Кредарица каде неодамна заврна снег.

Падот на температурите ќе се почувствува и кај нас, што значи оваа промена доаѓа и кај нас (најверојатно).

Ако снегот во Алпскиот регион се појавуваше во подоцните есенски месеци, сега снегот таму е честа појава ова лето.

ФБ пост на Славчо Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде