Актерот Тасевски растури: Токмаци од силиконски мајки и надувани татиња, треба да се скриете од срам…

Мајкички изгледате многу глупо кога со ќерките правите селфи сесии по кафиќи и којзнае кому ги праќате фотките од вашите нови цицки и усните кои на двете ви се ко да сте цицале мед директ од кошница за пчели.

Ај што изгледате глупо, ама и бајги нездраво.

И како јаготка на пореметеноста ваша е кога заедно седите со дечковците на маса.

Е тоа го направија оние реални шоуа на пореметеноста емитувани на Пинк во кои буљевте со децении.

Ја имате Задруга и Фарма секој ден во скопските фенси кафулиња и кафани.

Или еден татко гордо ми кажува дека со неполнолетниот син пушат заедно марихуана. Демек, врв на нивната блискост.

Можам само да им го цитирам најпознатиот кечер на сите времиња, Рик Флер, разочаран татко кој загуби и син; Жалам што бев најдобар другар со моите деца, наместо да им бидам родител!

Токмаци од силиконски мајки и надувани татиња, треба да се скриете од срам а не да се фалите со својата пореметеност и да правите селфи пред цело село.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде