Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информира дека и денеска продолжува потрагата по 30-годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната Глажња и не излезе.
Во СВР Куманово вчера околу 14 часот било пријавено дека на браната Глажња, Ф.Р.(30) од село Никуштак влегол во водите од браната и не излегол.
Ангажирани биле спасувачки екипи и сè уште се трага по Ф. Р, соопшти МВР.
РЦУК Куманово, во денешниот билтен информираат дека на бројот 112 добиле пријава за исчезнато лице кое влегло да се капе во вештачкото езеро браната Глажња на оддалеченост од 1,5 километри околу 13:50 часот.
Полицајците од Полициска Станица Матејче биле ангажирани за физичко обезбедување на местото на настанот.
Преку СВР Куманово вчера била повикана нуркачка екипа на МВР.