(ВИДЕО) Страшната бура носеше се’ пред себе – оштетени патишта, мостови, автомобили и куќи: Апокалиптични сцени од Италија

Драматична снимка од Италија, која вчера беше споделена на социјалните мрежи, покажува како изгледаше кога поројот однесе се пред себе,

вклучително и дрвени мостови, во невремето што синоќа го зафати Јужен Тирол, на северот на земјата.

Надојдениот планински порој беше предизвикан од бура што зафати неколку области, главно областа Трентино-Алто Адиџе, во долината Пустериа.

Според тамошните медиуми, потоците, од кои најголем е Фуркелбах, во општината Оланг во близина на границата со Австрија,

се претвориле во порои кои носеле дрвени мостови и автомобили од улиците, додека водата стигнала и до локалните куќи.

Силното невреме со грмежи предизвикало голема штета, но нема повредени, пренесе агенцијата „Анса“.

Патиштата се блокирани од кал и отпад што зад себе ги остави поројот.

Под страшните снимки кои денеска беа споделени на социјалните мрежи се огласија жителите на ова место и споделија снимки од планинскиот порој кој пред само една година следеше обилни дождови и невреме и остави слични последици.

На снимката се гледа дека поројот на реката Адиџе се спуштил од блиските планини и однел се пред себе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде