Доцна синоќа тешка сообраќајка, неколку лица пренесени во болница

Неколку лица се повредени при судир на два автомобила на крстосницата на булеварите Босна и Херцеговина и Словенија со улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје.

Очевидци велат дека сообраќајката се случила околу полноќ и некои од тешко повредените со Итна медицински помош веднаш се пренесени во болница, а со друго возило им се укажала помош на останатите.

Булеварот Словенија во насока кон Момин Поток беше затворен за сообраќај, а на крстосницата,

во близина на трговскиот центар „Поинт ритеил“, каде што се случила сообраќајната незгода, не работеа семафорите.

Полиција го пренасочуваше сообраќајот на околните сообраќајници. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде