Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета.
Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот.
„Денес, (вторник) 01.08.2023 година во 09.30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило. Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење. Причинета е значителна материјална штета.“, објавија од ТППЕ Струмица.