Страшно невреме беснееше во делови од Европа, се појави и торнадо

Нова бура денеска го погоди италијанскиот северен регион Венето, а граѓаните на социјалните мрежи споделија видеа на кои се гледа дека невремето предизвикало и торнадо.

Според локалните метеоролози, бурата од мали размери напредувала за време на која е создаден мезоциклон, поточно структура што може да се претвори во торнадо за време на ротација, објави Инметео.

– Конкретно, торнадото се формира долж брегот меѓу градовите Јесоло и Кавалина, додека екипите на терен известуваат дека во моментов нема повредени или материјална штета.

-Го видовме од далечина, за среќа не направи никаква штета – напишала жената која го објавила видеото од торнадото.

На 21 јули Италија беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи можеа да се видат застрашувачки снимки.

Силно невреме со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, потоа го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде