Деветгодишно девојче загина утрово во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот во Банчарево кај Ниш. Како што неофицијално дознаваат медиумите, девојчето е турски државјанин.
Медиумите објавија дека девојчето загинало кога дошло до директен судир на камион и автомобил во кој се наоѓало детето. Детето наводно било на совозачкото седиште.
Во несреќата се повредени уште две лица. 12-годишно дете, исто така турски државјанин, со повреди на вратот е пренесено на одделението за неврохирургија.
Уште едно лице од автомобилот, најверојатно возачот, е пренесено во УКЦ Ниш поради повреда на вратот, објави Блиц.
Екипите на итната помош на лице место ги прегледале возачот и сопатникот на камионот, кои на прв поглед не изгледале повредени.
Тие одбиле да бидат пренесени во болница за дијагноза и добиле упатства за понатамошно лекување.
Истрагата е во тек, а сообраќајот се одвива отежнато.