Страотни сцени од Словенија: Силното невреме со торнато направи пустош – скршени дрвја и урнати покриви, брзината на ветерот над 100 километри на час

Нешто по 20:00 часот синоќа во Илирска Бистрица се разви торнадо, соопшти словенечката метеоролошка служба АРСО.

Можеше да се забележи релативно широк вител, во кој има и многу силни, но мали вртлози со пречник од само неколку метри.

За среќа, феноменот траеше само неколку минути. Бројните интервенции во последниот час на подрачјето на Илирска Бистрица укажуваат на значителна штета – додава АРСО.

Брзината на ветрот беше над 100 километри на час, а торнадото беснееше во околината на населено место, па може да има поголема материјална штета.

На станицата Кошезе кај Илирска Бистрица измерен најсилниот удар на ветерот бил дури 107 километри на час.

На места обилните врнежи беа придружени со силен ветер , во Рогашка Слатина измерен удар на ветер од 53 километри на час во последниот час.

Поради невремето, пожарникарите интервенирале во повеќе општини, меѓу кои Блед, Тржич, Радовљица Словенске Коњице, Рогашка Слатина, Дуплек и Мурска Собота.

Силно невреме беснее во Горењска. Во Блед, во близина на хотелот Топлице, дрво паднало врз туристичкиот воз, во кој освен машиновозачот имало четворица патници. За среќа нема повредени, јави ТВ Словенија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде