Денеска (02.08.2023) во 17.50 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасители од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар,
заедно со граничната полиција од РЦ Запад успешно ја завршија спасувачката акција на планината Галичица,
откако во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.
Имено, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар во 17.00 часот со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го фиксира и го презеде повредениот холандски државјанин Л.Г.Ј.(35),
кој претходно беше имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Црвен крст Охрид и во 17.15 со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени, која е дел од Одделот за воздухопловни операции на МВР, стартуваше со транспорт кон Скопје.
Во 17.50 часот тимот од МВР со повредениот слета на хелиодромот во Комплекс клиники и во координација со лекарите од клиниките, лицето во придружба на животоспасител од САЕ Тигар,
на негово барање, во 18.10 часот е префрлено во приватна медицинска установа за укажување на лекарска помош.