Вонредна вест: Земјотрес вечерва ја стресе Македонија
Земјотрес со интензитет од 3,1 степен е регистриран вечерва во Македонија.
Земјотресот е 8 километри југоисточно од Центар Жупа, или 52 североисточно од Елбасан.
Земјотресот е на длабочина од 8 км.
Да потсетиме, слаб земјотрес беше почувствуван во Солун денеска попладне.
Според проценка на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил на 3 километри североисточно од Калохори и бил со јачина од 2,6 Рихтер и со фокусна длабочина од 15 километри.
Земјотресот бил почувствуван во области во западниот дел од Солун.