Македонија завиена во црно: Во сообраќајка загинаа мајка и дете

Жена и дете кои биле сопатници во авотомобил, починале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на местото „Студена вода“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот, автомобил „алфа ромео“ со прилепска регистрација излетало надвор од коловозот.

Со автомобилот управувал триесет и петгодишен жител на прилепското село Канатларци.

По несреќата во прилепската болница биле пренесени триесет и тригодшината жена, која починала во болница,

а малолетниот сопатник, иако бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал при транспортот.

Возачот и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде