Во доцните вечерни часови на празникот Илинден е вандализиран споменик на специјалец на МВР кој загина во пресметката со терористите од Косово во кумановското ,,Диво Насеље”.
На споменикот во чест на Горан Стојменовиќ во скопската населба Инџиково, општина Гази Баба непознати вандали со спреј го ишкртале неговиот лик и другите делови од споменикот.
Демократската партија на Србите во Македонија бара надлежните органи веднаш да преземат акција за наоѓање на вандалите.
,,Најостро го осудуваме вечерашното сквернавење на споменикот на нашиот брат Горан Стојменовиќ во скопско Инџиково. Горан херојски загина во борбите со албанските терористи во кумановското Диво Насеље во 2015 година”, стои во реакцијата на ДПСМ.
Инцидентот се случува на истиот ден кога српскиот претседател Александар Вучиќ упати порака дека Србите и Македонците се пријатели и братски народи, немаат отворени прашања а Србија целосно го прифаќа македонскиот идентитет и јазик.