МВР извести дека уапсени се С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека вчера во плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи,
во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).
Повредените биле пренесени во градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.