Стигна потврда од УХМР: Доаѓа голема промена на времето!

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер.

Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од УХМР, на одредени места ќе има невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат повнимателни и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Слично време најави и Славчо Попоски.

До петок, Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе бидат високи, но нема да бидат екстремно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 тепени, додека особено во четврток и во петок во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 40 степени.

Во Скопје максималната температура овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.

Под влијание на Џеновски циклон, во сабота попладне и навечер, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Поради очекуваното невреме, препорачуваме граѓаните да бидат крајно внимателни.

И во делови од Скопската котлина во сабота попладне ќе има појава на нестабилност, а можна е и појава на невреме.

Од недела поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бележат тенденција на пад за десет степени, понекаде и за повеќе од десет степени, особено во северните предели од државава. НАПОМЕНА: Од недела температурите ќе бидат под просекот за месец август.

Според најновите анализи со кој ние располагаме, во текот на овој месец лето и нови топлотни бранови ќе има, но како што веќе кажавме, не очекуваме екстремно високи температури од над 40 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде