Две лица загинаа, а околу 166.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима во југозападна Јапонија останаа без електрична енергија утринава, откако тајфунот Канун ги зафати тие области, објави Ројтерс.
Бурата се движела кон северозапад во Источното Кинеско Море со брзина од околу 222 км/ч, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Две лица загинаа во Окинава, популарна туристичка дестинација на околу 1.600 километри југозападно од јапонскиот главен град Токио, објави локалната телевизија NHK.
Вкупно 41 лице е повредено во префектурите Окинава и Кагошима.
Аеродромот Наха, кој се наоѓа во главниот град на Окинава и главната порта кон популарната туристичка дестинација, денеска продолжи со работа откако беше затворен два дена.
Сепак, откажани се 304 летови, соопшти јапонското Министерство за транспорт.