Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.
Земјотресот е регистриран во 4:18 часот во морето на околу 32 километри југоисточно од заедницата Гудура на источен Крит.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Да потсетиме, земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.
-Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.