Вонредна вест: Славчо Попоски најавува страшно невреме во Македонија!

Познатиот метео-прогнозер Славчо Попоски објави дека Балканот и Македонија ќе бидат погодени од силно невреме.

„НАЈАВА: Ново СТРАШНО НЕВРЕМЕ ќе го зафати целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија!

Следува предупредувачка метео анализа!, стои во ФБ објавата на Славчо Попоски.

Во продолжение прочитајте ја метео прогнозата на УХМР:

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер.

Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од УХМР, на одредени места ќе има невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат повнимателни и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде