Аријана Виера (26), актуелната мис на Венецуела, загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида.
Оваа убавица требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.
За жал, Аријана настрада во сообраќајна несреќа, а тоа го откри нејзината мајка Вивијан Очоа.
Таа тврди дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор, кога удрила во возилото пред неа.
Според неа, брзата помош пристигнала брзо и два пати ја оживеале нејзината ќерка, но таа починала на пат кон болница.
-Ја оживеаја и потоа доживеа срцев удар. Повторно ја оживеале, но починала кога ја однеле на трауматологија, изјавила за медиумите, пренесува „The Sun“.
Манекенката се подготвувала и да учествува на натпревар за убавина во Њујорк.
Она што многумина ги шокираше е тоа што оваа девојка пред само неколку месеци објави чудно видео на кое како да ја предвидува својата смрт.
Таа се снимаше за „нејзиниот погреб“.
-Се снимам за идниот погреб затоа што на видеата секогаш сум јас, никој друг не го прави тоа – напиша таа под видеото кое го објави на социјалните мрежи.