Андонов објави „мега бомба“: Луѓе во ВМРО-ДПМНЕ уште на времето размислуваа за внесување на Бугарите во Уставот

Веќе подолго време во јавноста кружат информации дека Македонија имала намера да ги вклучи Бугарите во Уставот уште во 1998 и 2001 година, но официјална Софија го одбила вакото барање.

За ова се говореше уште минатата година, кога пратеникот на СДСМ, Јован Митрески изјави дека ние како држава сама сме барале, но Бугарите не сакале да влезат во македонскиот Устав во 1991, 2001 и 2018 година.

Вчера ваквата теза ја начна и бугарски „Фактор“ кој објави текст за поврзаноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бизнисменот Орце Камчев.

Се додава дека во 2001 година, при потпишувањето на Охридскиот договор, Бугарија го одбила барањето на тогашната Република Македонија да ги вклучи македонските Бугари во нивниот устав.

„Оттука произлегува логичното прашање – чија идеја е да се регистрираат македонските Бугари: Дали произлезе од средбата на 22.07.2021 година меѓу лидерот на ГДУ Петар Колев и поранешниот вршител на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев или всушност е поврзано со ВМРО-ДПМНЕ и бугарската поврзаност на Орце Камчев?“, пишува бугарскиот портал.

Универзитетскиот професор и предводник на „фракцијата за демократско ревитализирање“ на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов во разговор за „Локално“ вели дека не знае дали Камчев има врска со 2001 година за евентуалниот предлог за внесување на Бугарите во Уставот уште тогаш, но убеден е дека некои кругови во ВМРО-ДПМНЕ на времето размислуваа за таа работа.

Тој се согласува со тезата на актуелната Влада дека на тој начин ќе се направи историска дистинкција меѓу Македонците и Бугарите која ќе биде заверена во Уставот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде