Силно невреме ја зафати Словенија во текот на ноќта, што предизвика големи поплави, излевање на реки и блокирање на сообраќајот во делови од земјата.
Локалните медиуми пренесуваат дека евакуирани се цели села, а евидентитрани се илјадници несреќи.
Видеата и фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи се апокалиптични.
Н1 пренесува дека во Корушка реката Межа се излеала од коритата, а сирените се огласиле за општа опасност речиси на сите места.
„Пожарникарите или спасувачките служби не можат да стигнат до луѓето на многу места, бидејќи не можат да одат никаде.
Одредени противпожарни бригади не можат ниту да ги напуштат противпожарните станици бидејќи патиштата се поплавени. Затоа е многу тешко да се помогне“,изјави за Н1, командантот на цивилната заштита за Корушка, Алан Матијевиќ.
Пожарникарите во текот на ноќта претежно испумпувале вода од поплавените објекти, заштитиле неколку одрони, и спасувале потопени возила од поплавените патишта, се вели во соопштението на Управата за заштита и спасување на Република Словенија.
Преку 15 илјади граѓани се оставени без струја, а како што пренесуваат медиумите, во тек се и спасувачки акции со хеликоптер, бидејќи многу луѓе се засолниле на покривите од куќите.
Поројни дождови се очекуваат и во следните часови, па во одредени делови од земјата е издаден црвен аларм.
Zračni posnetki posadke helikopterja @policija_si kažejo na zahtevne razmere. pic.twitter.com/Yys9z2huI5
— policija_si (@policija_si) August 4, 2023
4.8.2023 Koroška in poplave #thunderstorms #poplave #Weather @24ur_com @uporabnastran pic.twitter.com/zOwJhoz71C
— Matej Priteržnik (@theOnePiki) August 4, 2023