Едно лице загина а петмина се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Пожаревац, пренесува Blic.
Несреќата се случила околу 23 часот а учествувале три возила. На лице место почина 17 годишно момче.
Возилото „Опел Вектра“ кое го управувал С.М., а кое се движело од правец на Средњево кон Велики Градиште, при возење преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „шкода октавија“ кое дошло од спротивната страна, а по контакт, овие две возила, дошло до контакт со трето возило кое се движело зад шкодата.
Во оваа сообраќајна несреќа, од здобиените повреди на лице место починал сопатникот од возилото „опел вектра“, Филип М.
Другите лица кои учествувале во сообраќајната несреќа со повреди се пренесени во Општата болница во Пожаревац.
Причината за оваа сообраќајна несреќа ќе биде утврдена по истрагата.