Младиот Филип.М.(17) загина во страшна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Пожаревац-Велико Градиште, кога директно се судрија два автомобили.
Имено, несреќниот млад човек бил еден од сопатниците во „опелот“ кој од засега непознати причини тргнал во спротивен правец и директно удрил во друг автомобил.
Во страотниот судир покрај несреќниот млад човек, повредени се уште пет лица.
Тие се здобиле со тешки повреди.
Причината за оваа сообраќајна несреќа ќе биде утврдена по истрагата.