Страшното невреме ја поплави Словенија, илјадници луѓе се отсечени, а бројни патишта беа затворени.
Меѓу поплавените патишта се и патиштата Межица – Преваље и Холмец – Преваље во градот Пољана во регионот Корушка во северна Словенија, недалеку од границата со Австрија.
Таму била спасена жена која била заробена во автомобил кој поројот го однел.
„Фала му на Бога, успеавме да ја извлечеме госпоѓата со помош на јаже…
Во близина имаше и двајца алпинисти, а имавме и опрема во автомобилот“, вели Јасмин Бајректаревич, кој учествувал во спасувањето.
„Сите бевме во шок, жената извика „помош“, а ние брзо дејствувавме“, додаде тој.