Страшното невреме во Словенија, и катастрофалните поплави со себе однесоа неколку човечки животи.
Невремето забрзано се шири низ целиот балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафаќа Македонија и тоа почувајќи од западните предели.
Во најголем дел од државава ќе има интензивни поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
Оваа голема нестабилност, поврзана со студен фронт од север, како и со Џеновскиот циклон од денес навечер од запад ќе се поместува кон исток од Македонија, и најсаилна ќе биде во централните предели од државава.
Можни се штети поради очекуваното невреме и во Македонија, како и локални поројни поплави.
И според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, се очекува големо невреме на повеќе места низ Македонија, и истата проценува ниво 3 за денес попладне и навечер (тоа значи засилен развој на грмотевични облаци и временски непогоди).
Апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, но и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.
Од утре, под влијание на значително посвеж воздух од север, температурите ќе опаднат за околу 10 степени, а во северните предели и за повеќе од 10 степени.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Утре исто така сеуште ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и суво време, со значително свежи утра.
Во интерес на јавноста, на серверот на ФИНКИ подготвени се нови излези со алатката NOTHAS .
Според актуелната синоптичка слика, а како резултат на циклонска активност во централните делови на Италија, среден Јадран и придружни фронтални бранови, ќе дојде до изразена дестабилизација на времето во регионот и Македонија со појава на краткотрајни временски непогоди. Подетално од објавата и часовните алерти и веб страната за NOTHAS на ФИНКИ.