За време на пресот што го одржа независниот синдикат на геријатрија пред министерството за информатичко општество и администрација се случи физички напад врз претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев од страна на Александра Дуковска која се представува како новинар, објави попладнево Телевизија 24 вести.
Со зборовите кој си ти зошто ме следиш јас сум новинар кој си ти започа вербалната расправија по што прерасна во физички напад.
По инцидентот претседателот на независниот синдикат на полицијата постира на социјалните мрежи статус во кој вели:
Додека во цел свет НОВИНАРИТЕ се тие што се напаѓани, во Макдеонија Агресивна новинарка го нападна претседателот на независниот синдикат на полицијата.
Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење – пишува во статусот на фејсбук.
Самостојниот синдикат на новинари и здружението на новинари на Македонија порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство.
По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа.
Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално!
Ова не е прв испад на Дуковска пред некој ден влезе во вербална расправија и со министерот за економија Крешник Бектеши во владиниот медиа центар.
После денешниот инцидент ја прашавме владата дали на Дуковска ќе и биде одземена акредитацијата за влез во Влада но не добивме одговор.
Извор:ТВ 24 вести
Од МВР пак велат дека инцидентот е регистриран кај нив, но не кажуваат дали и за што ќе се терети Дуковска во случајов. Инаку Дуковска беше меѓу приведените во собранието на 27 април кога толпа луѓе од протестите влегоа во законодавниот дом.