Во моментов од запад кон исток се преместува голема влажна и нестабилна воздушна маса, и истата е поврзана со студениот фронт од север, како и со циклонската активност со центар над Џеносвскиот залив, над Италија и над Јадранот.
Во најголем дел од државава поројните врнежи од дожд, проследени со грмежи и силен ветер продолжуваат.
Локално ќе има појава на изразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
И во Скопскиот регион ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.
Најсилно невремето ќе биде во централните и во источните предели од државава. Можни се штети и поплави поради очекуваните интензивни врнежи и невремето.
Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.
Славчо Попоски додека и дека веќе има штети од невремето
Веќе има штети низ Македонија од невремето кое ја зафати државава!, објави тој на Фејсбук.
Попоски објави и дека се остварила неговата прогноза за снег на Алпите.
И како што најавивме, летна снежна бајка владее во Алпскиот регион!