Славчо Попоски со вонредна вест: Вечерва и во текот на ноќта овој дел од Македонија ќе го погоди силно невреме!

Во моментов од запад кон исток се преместува голема влажна и нестабилна воздушна маса, и истата е поврзана со студениот фронт од север, како и со циклонската активност со центар над Џеносвскиот залив, над Италија и над Јадранот.

Во најголем дел од државава поројните врнежи од дожд, проследени со грмежи и силен ветер продолжуваат. Локално ќе има појава на изразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), силен ветер,

силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопскиот регион ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.

Најсилно невремето ќе биде во централните и во источните предели од државава. Можни се штети и поплави поради очекуваните интензивни врнежи и невремето.

Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, и да не излегуваат од своите домови додека трае невремето.

Од утре па во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, но значително посвежо и со засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Максималните температури на многу места нема да се искачуваат повеќе од 25 степени, понекаде тие ќе бидат дури и под 25 степени, а во централните и во југоисточните предели до околу или малку над 30 степени.

Минималните температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, што значи пред нас е многу посвежо време, со многу посвежи утра, вистински горештини и екстремно високи температури нема на видик.

Очекуваме ваши фотографии доколку во вашето населено место има појава на невреме, или не дај Господе штети!

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде