Вчера се случила тешка сообраќајна незгода во која со повреди се здобиле две лица.
– На 04.08.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки,
управуванно од С.А.(52) од Струмица и патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П.(25) од село Просениково, струмичко, информира МВР.
Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(63) од Република Турција, со привремен престој во с.Еднокуќево,
сопатничка од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.