Врнеше град со големина на јајце: Апокалиптични сцени од Белград

Само што се отвори небото над Белград, прво се појави црн облак, а само неколку минути подоцна следеше вистинско невреме.

Град, со големина на јајце, паднал во огромни количини над главниот град.

Се апелира до граѓаните да се засолнат на безбедно за да нема повредени.

Според читателите на српски Телеграф, струја нема на Баново Брдо, откако биле соборени две стебла.

Исто така, исклучена е и трамвајската напонска мрежа во Нови Белград, па трамвајскиот сообраќај во моментов не е во функција.

Во Србија околу 13 часот пристигна силно невреме, а први на удар беа западните делови на земјата. Од час во час, RHMZ ги издава најновите предупредувања за оние делови од земјата кои се следните на удар.

Вчера невремето создаде хаос во Словенија, а олујни облаци денеска го надвиснаа целиот регион – највисокото предупредување за силно невреме се уште важи за Словенија, како и за Хрватска и делови од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Невремето во нашата земја се очекува за неколку часа.

Силниот ветер предизвика пад на дел од покривот од станбена зграда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде